Формирана кон крајот на 1989 под име Мехмет Акиф Ерсој и официјално основaна во 1990 год. со актуелното име Логос-А, со право се смета себеси за пионир на независното издаваштво во бивша Југославија и во сегашна Македонија. Иако во почеток создадена со многу проблеми, после овие 17 години успевалa да издаде околу 500 наслови (над 2.000.000 томови) од разни полиња на знаењето. Од тие, над 250 наслови се преводи од англиски, француски, босански, серпско-хрватски, турски, арапски и македонски (на албански), додека околу 250 други наслови се оригинални дела. Логос-А е првата издавачка куќа во просториите на бивша Југославија која успеа на нашиот ученик да му подари учебник со сите својства на еден современ учебник. Така за прв пат после 50 години Логос-А им понуди на нашите ученици книги напишани од наши автори, често од наши наставници, но книги кои пред да одат на училишта, поминуваа низ неколку филтри на професионална, терминолошка и јазична редакција од познати уредници од нашите простори. Тука се и училишните лектири I-IV, кои беа вистински подарок за нашиот ученик после 15 години чекање, како и многу атласи, енциклопедии за деца и други средства за учење. Освен овие изданија кои веќе се обични за нашата работа, во Логос-А се реализирани и големи издавачки проекти: првиот е издавање на универзитетски наслови на албански и македонски јазик (вкупно 16 наслови) преведени од француски кои се реализираа во соработка со Амбасадата на Република Франција во Република Македонија (2005/06), вториот проект е издавањето на 20-томната серија од Сами Фрашери, прво вакво издание во толку тома кај нас, која беше издадена по повод 100 години од смртта на авторот (2004), додека третиот проект со ваков карактер, кој беше направен по повод 50 години од смртаа на авторот (2006), беше издавањето на комплетот на делото на Хафиз Али Корча во 12 тома. Во овој дух се работи и на делото на Алија Изетбеговиќ, Имам Вехби Исмаили, како и делата на неколку други автори од традицијата и странски автори. Во делот на презентациите, Логос-А досега организирала над 50 промоции на книги во Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија и редовно учествува на национални, балкански и меѓународни саеми на книгата, како во Франкфурт, Болоња, Лондон, Женева, Софија и Каиро, од каде често се вратила и со награди за успешната работа. Логос-А функционира преку неколку свои ограноци, од кои во нашата земја има во Тетово, Гостивар, Куманово и Струга, додека надвор од нашите граници, и во Приштина, Тирана, Истамбул и Дизелдорф. Издавачкиот совет и Уредничикот совет, од поодамна формирани во Логос-А, а кои последните години беа збогатени со нови имиња во функција на квалитетот, поради големиот број на наслови, но и поради воздигнување на квалитетот на издаваштвото, направи тематска систематизација на библиотеките, така што сега во рамките на оваа издавачка куќа функцуонираат овие библиотеки: Читај, Универзитетски текстови, Училишни текстови, Диван, Фидани, Збор, Исламска мисла и Посебни изданија. Во овие години колку што Логос-А ги помина како издавач, е познат и како најголем дарител на книга, не само на поединци и библиотеки, туку и на училишта и факултети. Логос-А е и организатор на два научни симпозиуми: првиот е тој што се одржа во септември 2000 год. со наслов “Дијалог меѓу цивилизациите”, организиран во Скопје и, вториот, е научната конференција по повод 100 години од смртта на Сами Фрашери која беше организирана во ноември 2004 година. Логос-А има соработници и пријатели секаде во нашите простории и пошироко во балкански и меѓународни рамки. Исто така соработувала и продолжува да соработува со многу институции - владини и невладини, домашни и странски. И покрај оваа макотрпна и успешна работа на издавачки, научни и културни активности, во Логос-А преовладува убедувањето дека и многу проекти останува да се реализираат во иднина, така што еланот за работа уште повеќе се засилува со цел и понатами да му служи на човечката илуминација, без разлика на боја на кожа, нација и религија.
Мото на Логос-А останува “Над сe вредностите”.